Коронавирусот навлезе во темните страни на интернетот: Епидемија на лажни потврди за вакцинација и негативни тестови
Коронавирусот ги зафати и мрачните делови на интернетот на кои на почетокот на пандемијата се тргуваше со маски, заштитна опрема, лекови, а сега со вакцини и серитифкати.
„Дарк веб“ ја следи побарувачката по одлуката на западните влади за патување да се прикаже доказ за негативен тест на вирусот, а наскоро и потврда за вакцинација. Поради тоа, бројот на добавувачи од ноември се зголеми од 20 во ноември на 600 во јануари, а потоа на 1.200 во март.
„Гардијан“ пишува дека само во Велика Британија дневно барем 100 луѓе се обидуваат да влезат со лажни сертификати.
Израелските истражувачи откриле фалсификувани потврди за вакцинација и негативни тестови на Ковид-19.
Во компанијата за сајбербезбедност „Чекпоинт“ забележале дека од октомври минатата година почнале да се нудат вакцини, главно од компанијата „Синовак“, но и руската „спутник“, „Фајзер“ и „Модерна“.
Гардијан пишува дека без глобална база на податоци која содржи статус на поединец кога станува збор за имунизацијата системот секогаш ќе биде отворен за пазарот на фалсификати.
На „Дарк веб“ лесно можат да се најдат понуди и со неколку негативни тестови, и еден гратис.
Цената на потврда за вакцинација се движат од 500 долари за „Астразенека“ до 750 долари за „Синофарм“.
Лажните потврди за негативен тест можат да се купат и од 25 до 150 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа