Средба Жерновски-Орав: Иднината на Македонија е ЕУ

Денеска градоначалникот на Центар Андреј Жерновски се сретна со амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. 

Како што соопшти општината, на средбата заеднички е констатирано дека иднината на Република Македонија е во ЕУ, бидејќи и македонските граѓани сакаат да ги споделуваме европските вредности.

- Сите земји-членки на заедничкиот европски дом ги слават идеалите кои значат мир, надеж и единство. Секоја земја, која е дел или се стреми да биде дел од ЕУ, ги подржува вредностите на Европа - слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, е истакнато на средбата.

 

најчитано сега