Седници на Советот на Собранискиот канал и на четири комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Советот на Собранискиот канал и комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и за образование, наука и спорт.

На дневен ред на Советот на Собранискиот канал е Разгледување на состојбата со емитување на тв сигналот на Собранискиот канал (проблеми со емитување на преводот на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Република Македонија).

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за детективската дејност, за приватно обезбедување, за оружјето и за производство и промет на вооружување и воена опрема, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за предлог-законите за туристичка дејност, за заштита на потрошувачите, за угостителска дејност, за градежните производи,  за безбедност на производите, за трговија, за вршење занаетчиска дејност, за возила, за контрола на предметите од скапоцени метали, за метрологијата, за техничката инспекција, за стечај, за Државниот пазарен инспекторат, за енергетика, сите во второ читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за трговските друштва во прво читање.

Предлог дневниот ред се дополнува со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност во прво читање и Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија во прво читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција во второ читање, а Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција во второ читање. 

11.11.2013 - 08:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега