Од 1. јануари глувонемите ќе земаат 4.000 денари помош
Законското решение што предвидува парична помош од 4.000 денари месечно за глувонемите лица и 7.000 денари за лицата без екстремитети е во собраниска процедура, информираше вчера премиерот Никола Груевски.
- Законот се очекува да биде усвоен до крајот на овој или идниот месец, а да стапи во сила од први јануари 2014 година, рече вчера премиерот Груевски, одговаарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на мостот во Ногаевци.
11.11.2013 - 08:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа