Пет месечно бебе мистериозно умре во кавадаречката болница
Пет месечно бебе починало под сомнителни околности во Кавадарци, пренесува Дневник.
Според информациите од СВР Велес, бебето, кое не давало знаци на живот, вчера наутро било донесено во болницата во Кавадарци. Откако лекарите констатирале смрт, ,едицинските лица при детското одделение на болницата веднаш го пријавиле сомнителниот случај во полиција и во моментов е во тек истрагата за мистериозната смрт на бебето.
- На терен веднаш излегоа увидна полициска екипа и истражен судија. По наредба на истражен судија телото на бебето е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика со цел да се утврдат вистинските причини за смртта, изјавила за Дневник, портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа