Маскирани и вооружени разбојници однеле 250.000 денари од казино во Скопје
Викендов се случила кражба во казиното „Адмирал“ во скопски Аеродром каде двајца маскирани и вооружени разбојници влегле и од вработените го собрале дневниот промет.
Според податоците од полицијата, кражбата била извршена вчера во 18 часот и 30 минути во казиното Адмирал лоцирано на булеварот „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, каде маскираните и вооружени разбојници со закана со пиштол од тројцата вработени кои биле на смена, успеале да одземат 250.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.
Полицијата трага по сторителите.
11.11.2013 - 10:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа