За прв пат во Македонија две игри на среќа во една емисија - започнува "Време за среќа" на Државна лотарија на Македонија

 

Од вечерва на МТВ еден со почеток во 20 часот и 30 минути, започнува да се емитува "Време за среќа" на Државна лотарија на Македонија, заедно со Марјана Станојковска и Виктор Петров –Викса.

"Време за среќа" е забавна емисија во која ќе се извлекуваат добитните бројчиња од игрите на среќа БИНГО БУМ и ТОП5. Оригиналниот музички фон чиј автор е Цане Петров, ќе се свири во живо и тоа од комплетната постава на групата Биоритам кои ќе изведат и неколку музички нумери за загревање на атмосферата.  За емисијата Време за среќа е направена и комплено нова оригинална сценографија со потпис на Јана Петковска.  Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија ќе бидат сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња.

БИНГО БУМ е познатата омилена семејна игра на среќа Бинго, со нов идентитет и во ново ТВ пакување. Добивките се разновидни: најголемата е Макси Бинго која носи гарантирани 2.000.000 денари; за добивките Џек Пот линија и Џек Пот две линии резервирани се автомобили; а покрај добивката Бинго Бум, што се остварува до 90тиот извлечен број, има и многу други категории добивки креирани со цел да се постигне што поголем број среќни добитници. Во играта на среќа БИНГО БУМ ќе се учествува со уплата на БИНГО БУМ картичка во едно од среќните места со знакот на детелинка или кај продавачите на мобилна продажба.Уплатата за првото коло на играта на среќа се затвора во понеделник во 19:30 

 

11.11.2013 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега