Исфрлете ја мочната киселина од телото и излечете го гихтот: 3 народни лекови кои проверено дејствуваат!

 

Насобирањето мочна киселина може да предизвика болки во зглобовите, па дури и гихт. Ви носиме неколку совети за отстранување мочна киселина од телото.

Гихт е воспалителен облик на артритис, кој се јавува во форма на црвенило, отекување на зглобовите и болки. Понекогаш, движењето е многу болно и се јавува вкочанетост и отоци на телото. Чест причинител на гихт е вишокот мочна киселина во организмот.

Кога бубрезите не ја вршат добро својата работа и не можат да ја отстранат сета мочна киселина во организмот, таа се кристализира и се таложи околу зглобовите. Тоа доведува до почеток на воспалителниот процес.

Како да се отстрани мочната киселина од телото?

Луѓето кои имаат вишок мочна киселина во телото, мораат да го сменат начинот на исхрана. Храната мора да се базира на свежо овошје и зеленчук. Морските плодови, месото, алкохолот и преработените шеќери доведуваат до зголемување на мочната киселина во телото.

Не заборавајте да пиете што повеќе вода. Добро е да се консумираат природни сокови, но и билни чаеви.

Ова се најефикасните лекови за отстранување мочна киселина од телото…

Сода бикарбона

 

Измешајте половина лажиче сода бикарбона и чаша вода. Пијте го тоа еднаш дневно. Ако имате гихт, пијте цело лажиче сода бикарбона растворено во чаша свежа вода.

Лимонада

Лимонадата го алкализира организмот и помага за одбегнување многу здравствени проблеми, вклучувајќи и гихт. Секое утро на празен желудник, испијте 200 мл топла вода, помешана со сок од половина лимон.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет дејствува слично како лимонадата. Помага за создавање алкална околина во телото. Растворете лажица оцет во 200 мл вода и пијте ја 2 пати дневно, една чаша пред ручек, а друга пред вечера.

Намирници што го отстрануваат вишокот мочна киселина:

Куркума

Ананас

Ленено семе

07.06.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега