Што ќе се случи ако испиеме јогурт на кој му истекол рокот на траење - нутриционистка даде одговор
Веројатно макар еднаш ви се има случено да испиете јогурт и да сфатите дека му истекол рокот на траење. Паниката поради стравот од непријатните последици од можното труење е сосема извесна затоа што никој не сака да помине часови на веце школка виткајќи се во болки.
Дали тоа навистина ќе се случи ако испиеме јогурт на кој му истекол рокот, открива нутриционистката Кери Ганс.
„Јогуртот е добар извор на калциум за јакнење на коските, но и за здравјето на цревата поради добрите бактерии кои ги содржи. Богат е со белки. Главно, кога следниот пат ќе наидете на јогурт на кој му истекол рокот на траење немојте да го фрлите затоа што датумот означен на пакувањето не значи дека технички му истекол рокот на траење, туку дека е најдобро да се употреби до тој датум“, тврди таа и истакнува дека тоа е прашање на квалитет, а не на безбедност.
„После истекувањето на рокот ќе стане покисел поради ферментацијата. Секако, тоа не значи дека здравствено е безбедно да се испие јогурт кој со месеци стои во фрижидер. Неотворениот јогурт главно можете да го јадете еден месец откако ќе му истече рокот на траење. Ако јогуртот го отворите и ставите во фрижидер може да трае најмногу една недела“, открива Ганс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа