Лилибет не е прв член на кралското семејство роден во САД
Војводата и војвотката од Сасекс во неделата го објавија доаѓањето на свет на нивното второ дете, женско бебе Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор и прво кралско бебе високо во низата на наследство, родено во САД.
Сепак, осмата по ред до тронот не е прв член на британското кралско семејство роден надвор од државата: таа титула всушност ѝ припаѓа на Мод Виндзор, која е 51. по ред до тронот и најстаро дете на лордот Фредерик Виндзор и неговата сопруга актерка Софи Винклмен.
Мод, најстарото внуче на братучедот на кралицата, принцот Мајкл од Кент, е родена во Лос Анџелес во 2013 година, бидејќи кралскиот пар тогаш живееше во Калифорнија. Семејството подоцна се врати во Велика Британија, каде сè уште живее, пред раѓањето на нивното второ дете, Изабела Виндзор.
Лилибет Дијана веројатно ќе биде двојна американско-британска државјанка, како нејзиниот постар брат Арчи. Таа нема да ја носи титулата принцеза, согласно указот на Џорџ Петти, од 1917 година.
Имено, кралот Џорџ Петти, во обид да ја намали монархијата што се однесува до бројот на членови со титула, донел нов закон во 1917 година со кој се ограничува бројот на кралски роднини што можат да ја користат титулата принц или принцеза.
По официјалното соопштение за раѓањето на нивната ќерка,принцот Хари и Меган во понеделникот објавија лична порака на благодарност до нивната веб-страница „Арчивел“.
Во неа се наведува: „На 4 јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка, Лили. Таа е повеќе отколку што сме можеле да замислиме и остануваме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствувавме од целиот свет. Ви благодариме за постојаната љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство.“
Лили е осма по ред до тронот, зад Арчи, нејзиниот татко принцот Хари, нејзините братучеди, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, нејзиниот чичко принцот Вилијам и дедото принцот Чарлс. Нејзиното раѓање го турка принцот Ендру едно место поназад, тој сега е на деветто место во линијата на сукцесија.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа