Владата бара Спорт Клуб и Арена Спорт да се емитуваат на македонски и албански јазик
Владата ја разгледа и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски/албански јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата држава.
Оттаму ѝ препорачаа на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа