Српски камионџија правел естетски зафати во Австрија- Му требале пари , па почнал да разубавува жени

 

Српски државјанин кој во Виена нудел услуги за естетска медицина бил осуден и мора да плати казана, бидејќи им нанел голема болка на своите пациенти.

Србинот, кој живее во Виена, нудел естетски процедури на млади жени и тоа по ниски цени преку социјалните мрежи. Во специјално изнајмен стан тој ги „разубавувал“ бројните клиенти, меѓу кои и еден од Виена, која дошла на 28 април да изврши кревање на веѓите.

По завршување на постапката, раната се воспалила и морала да оди во болница со голема болка.Поради тоа, таа поднела пријава против наводниот лекар, а државното обвинителство покренало обвинение за нанесување тешки телесни повреди и лажно претставување како лекар.

Пред судот, Србинот рекол дека „разубавил“ најмалку 30 жени и дека никогаш не тврдел дека е лекар.

Неговиот адвокат изјави дека клиентите свесно сакале да го заобиколат задолжителниот психо-тест за естетски процедури.

Тој рекол дека ја научил техниката и медицинските процедури во Русија и често успешно ги извршувал таму.

"Ми требаа пари, па започнав да работам во Виена. Тоа беше огромна грешка", реко Србинот, кој се согласил да и исплати 5.700 евра отштета на жената што го тужеше, како и парична казна од 3.000 евра.

На прашањето како ќе ја плати таа сума во рок од три месеци, Србинот му рекол на судијата дека повторно ќе работи како возач на камион.

09.06.2021 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега