РК Вардар со поддршка до фудбалската репрезентација: Храбро до последен атом
Ракометарите на скопски Вардар, Тимур Дибиров, Столе Стоилов, Иван Чупиќ и Гоце Георгиевски, испратија силна поддршка до нивните колеги од фудбалската репрезентација, непосредно пред официјалниот почеток на Европското првенство 2020.
-Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери. Храбро до последен атом, напишаа од ФФМ на социјалните мрежи.
Големиот европски турнир во петок од 21 часот го отвораат селекциите на Италија и Турција, а на 13-ти јуни во недела „рисовите“ ќе се судрат со Австрија од 18 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.
Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар @HCVardar испраќаат силна поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација. Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери.
Храбро до последен атом!@EURO2020 pic.twitter.com/wobOYuJjd2— FFM (@ffmmkd) June 9, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа