Три милиони луѓе згрозени поради нејзината спална соба- ѝ се смачило од нечисти подови, па решила да го направи ова (ВИДЕО)

 

Имено, таа во собата истовари 140 килограми песок наместо тепих, а нејзиното видео го погледнаа три милиони луѓе, од кои многумина беа згрозени.

- Еве, пристигнаа првите 140 килограми. Мислам дека ќе додадам уште многу - и порача таа.

Целосно шокираните луѓе ја прашаа од каде е идејата и како таа може да поднесе целата соба, креветот и сè друго да биде постојано валкано со песок, а таа одговори вака.

- Овој песок што го добив е многу пофин од обичниот песок. Постојано ме нервираше фактот што на подот гледав влакна и прашина, како и нечистотијата што ќе ја донесам на чевлите. Сега веќе ги немам тие проблеми, и покрај тоа, постојано се чувствувам како да сум на плажа - уверува таа, додека луѓето сè уште не им веруваат на своите очи.

- Ова е навистина вознемирувачко. Јас навистина не знам што да ти кажам. Толку ќе зажалиш за ова, верувај ми.

- Сестро, мора да разбереш дека не треба секоја идеја треба да ја спроведуваш во дело.

- Ова е мојот најголем кошмар. Не можам да верувам дека го стори ова доброволно - гледачите се шокирани.

@poopytoomuch

 

original sound - poopytoomuch

10.06.2021 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега