Намирници со кои ќе го зачините сексуалниот живот
Храна во креветот може да биде добра идеја, особено ако станува збор за афродизијак.
Зачинетата храна е добра за машкото либидо
Љубителите на зачинета храна најчесто имаат повисоко ниво на тестостерон, потврди една француска студија.
Бадеми за жени и мажи
Бадемите се добри за здравјето бидејќи содржат 35 отсто од дневната доза на витаминот Е кој ја подобрува функцијата на половите органи. Исто така содржат високо ниво на магнезиум, фосфор и цинк кој го стимулира либидото кај мажите.
Мед
Во дневната Персија паровите по свадбата пиеле мед за успешен брак. Медот е богат со витамин Б кој е потребен за производство на тестостерон. Исто така, богат е со минерали кои му помагаат на метаболизмот во искористување на естрогенот. Според некои студии, медот го зголемува и нивото на тестостерон во крвта.
Чаша пиво за интензивна ерекција
Најновите студии покажуваат дека половина литар пиво го продолжува траењето на сексот со што се отфрлува традиционалното верување дека алкохолот влијае лошо врз мажите. Пивото ослободува голема количина на фитоестроген кој го одложува оргазамот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа