Барди: Среќен сум што екипата е жива и даваме се што можеме од себе од срце и да продолжиме

 

Мислам дека ова беше добар натпревар за нас, почнавме добро. Нормално дека е многу тешко да се бориш меѓу најдобрите, истакна македонскиот репрезентативец Енис Барди по натпревар кој Македонија го изигра со Австрија.

-Нормално е дека ќе ни биде малку тешко, во некои моменти бевме многу подобри од нив, но добро. Тие имаа шанси, ги искористија подобро од нас. Среќен сум што сме тука, што екипата е жива и даваме се што можеме од себе од срце и да продолжиме. Имаме уште два натпревари, да анализираме каде ни се грешките, истакна Барди.

Тој посебно се заблагодари на македонската публика!

14.06.2021 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега