Песната која сите ја знаеме и пееме крие стравична и тажна приказна
Позади песната која стана своевидна љубовна химна, се крие мрачна и многу тажна приказна...
Песната на групата „Прљаво казалиште“ - Ту ноч кад си се удавала, многумина ја сакаат, но исто така голем дел од публиката не знае дека таа песна е напишана по вистинска случка.
Имено, се зборува за член од популарниот бенд, Јасенко Хоура, кој имал девојка. Кога заминал во војска, ја прашал дали ќе го чека.
Сосема очекувано, таа потврдно му одговорила, но кога Јасенко се вратил од војска, доживеал вистински шок.
Неговата група имала закажан настап на една венчавка, а венчавката била - нејзина.
Во друга верзија на оваа приказна, кога го видела Јасенко, девојката одлучила да си го одземе животот и се застрелала во глава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа