Малку им се 42 милиони фунти- Меган и Хари сакаат повеќе пари и се обидуваат да го добијат „финансискиот гуру“ кој светската пејачка ја извлече од банкрот
Познатиот „финансиски гуру “ Оли Ејлинг и помогна на пејачката Никол Шерцингер да го промовира својот јогурт што ја збогати. Имено, заработката од овој јогурт изнесуваше повеќе од 10 милиони евра!
Гуруто работеше за Никол 7 години.
Вистина е дека Оли работи за Никол последните седум години и таа го ангажираше кога тој не беше познат експерт. Со негова помош поранешната членка на групата „Пусикет Долс“ се збогати и сега поголемиот дел од времето го поминува на плажа. Оли беше клучот во нејзината кариера, а по распадот на групата тој ја „одджруваше“ Никол Шлезингер во јавност.
Договорите што ги имаат им се малку, Меган и Хари сакаат повеќе пари затоа што мислат дека можат повеќе.
Сега Меган Маркл и принцот Хари се обидуваат да дојдат до овој финансиски гуру и веќе се извршени прелиминарни разговори. Војводата и војвотката од Сасекс веќе потпишаа договор вреден 12 милиони фунти со гигантот Нетфликс и дополнителни 30 милиони фунти со Spotify. Сепак, тие веруваат дека можат да заработат уште повеќе!
Гуруто одржува кариери на славни
- Кралското семејство се плашеше дека нема да имаат од што да живеат, но тие ја прошируваат својата деловна империја и го бараат најдоброто што може да им помогне во тоа - вели нивниот близок пријател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа