Пивото е корисно: Научници потврдија дека помага во лечење на болести на црниот дроб
Ново истражување сугерира дека хмељот е корисен за црниот дроб.
Поголемиот дел од луѓето не го сметаат пивото за здрав пијалак. Меѓутоа истражувањето на Орегонскиот државен универзитет покажува дека хмељот, супстанцата која го дава вкусот и бојата на пивото може да помогне во спречување на хепатална стеатоза. Исто така, позната како болест на појавување на масти во црниот дроб.
Се проценува дека 25 отсто од возрасните во САД имаат безалкохолна масна болест на црниот дроб, што е вид на масна болест на црниот дроб која не се развива поради алкохол.
Студдијата која е објавена во магазинот „Е лајф“, открива дека открива дека соединенијата ксантохумол (KSN) и тетрахидроксантохомол (TKSN) можат да ја олеснат акумулацијата на маснотии во црниот дроб предизвикана од избор на диета.
Кога се храните со многу маснотии црниот дроб не може правилно да ги процесира хранливите материи или да ги филтрира токсините толку ефикасно. Во најлош случај, масното заболување на црниот дроб може да доведе до негово откажување.
Сепак, сознанијата од студијата покажуват дека овие соединенија можат да помогнат против акумулацијата на маснотии.
„Покажавме дека ТКСН е многу ефикасен во борбата против развојот и прогресијата на диета-предизвикана од стеатоза на црниот дроб“, рече Адријан Гомбарт, професор по биохемија и биофизика на Колеџот за наука ОСУ и главен истражувач на Институтот во Линус Паулинг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа