Принцот Хари се враќа во Велика Британија поради посебна пригода
Хари е забележан како оди од Калифорнија во Велика Британија за да ја открие статуата на принцезата Дајана следниот месец.
Кога ќе пристигне војводата и каде ќе остане за време на посетата?
Принцот Хари беше забележан на аеродромот во Калифорнија пред неговото патување во Велика Британија. Меган Маркл не му се придружи на сопругот на патувањето, бидејќи таа останува дома да се грижи за нивните две деца, синот Арчи и новородената ќерка Лилибет.
Хари треба да ја открие статуата на неговата мајка на 1 јули, заедно со неговиот брат, принцот Вилијам. Последен пат ја посети Велика Британија за да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип, во април.
По тој повод, принцот Хари за прв пат го виде своето семејство, по интервјуто за него и Меган со Опра Винфри, што ја разбранува светската јавност.
Хари и Меган по тој повод престојуваа во нивниот дом во Виндзор, и покрај тоа што се преселија во Калифорнија
Нивната резиденција беше привремено позајмена на неговиот братучед, кој го доби своето прво дете во февруари годинава.
Нивниот друг имот, недалеку од Виндзор, е нивното живеалиште кога се во Велика Британија. Луксузна куќа, со пет спални соби, ќе биде доволна да се изолира Хари во неа.Војводата ќе ја посети и кралицата, која оди на пат по напуштањето на карантинот.
За потсетување, принцот Хари ќе му се придружи на неговиот брат Вилијам на 1 јули, во палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на нивната покојна мајка, принцезата Дајана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа