Совет од најдобриот психолог на светот: Што да правите кога другите ве критикуваат поради тоа што не ве разбираат
Доколку некоја личност ве осудува или критикува, тогаш бескорисно е да ја убедувате дека не е во право.
Барем бескорисно е да го правите тоа во тој момент кога истото ќе го слушнете од неа.
Таквите луѓе веќе извлекле заклучок и не обрнуваат внимание на вашиот став додека вие се обидувате нешто да им објасните, па поради тоа од нив ќе извлечете уште повеќе негативни работи.
Во денешно време, критикувањето е најчесто на интернет. На пример, оставате коментар на некој сајт, веруваме дека ќе доживеете критикување од луѓето кои никогаш не ве сретнале и тоа само поради тоа што немате исто мислење како нив.
Вие тогаш не треба да паѓате под нивно влијание.
За во таквите ситуации да го задржите вашиот внатрешен мир, земете ги предвид советите од најмудриот психолог на светот - Ерих Фром:
„Не мораме никому да му објаснуваме нешто, сè додека со своите постапки не повредуваме некого или пак влегуваме во животот на другите. Колку животи се уништени од потребата да се „објасни“ нешто, што вообичаено значи да се разбере, односно да се ослободи.
Нека судат според вашите постапки и според нив - за вашите вистински намери, но знајте дека слободната личност мора нешто да си објасни и самата себе, на својот ум и свест“.
Секогаш треба да знаете дека најважно е пред себе да бидете чисти, во тоа што го правите и важно е цврсто да стоите зад вашите постапки.
А, луѓето кои ве осудуваат и критикуваат, а не ги разбираат вашите аргументи и ве понижуваат - не се вредни за вашето внимание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа