"Како не ти е срам?!" - и странските медиуми му се налутија на Ибрахимовиќ

 

Болното момченце Хајрудин на кое му останува само еден месец живот, а има последна желба да се запознае со фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, дефинитивно го привлече вниманието на балканските, но и на странските медиуми, па единствен кој не мрдна со прст во приказната е само Златан Ибрахимовиќ.

Сите балкански па и светски медиуми ја пренесоа веста дека болното момченце одлетало дури до Париз за да се сретне со својот идол, а дека сепак Ибрахимовиќ немал време за него. 

Веста ја пренесе и италијанскиот Corriere Dello Sport: - Хајрудин не успеа да се види со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ , иако одлетал до Париз и чекал три дена. ПСЖ му гарантирале на детето дека ќе го запознае фудбалерот, а тоа не се случило. Некој треба да се срами поради ова!

Ни Дејли Меил не му прости на Ибрахимовиќ, па напиша: - Осумгодишно момче има само уште еден месец живот а Ибрахимовиќ не сака да се види со него!

Останува да видиме дали фудбалерот ќе се премисли и ќе биде човек, па ќе оствари средба со малото момче.

12.11.2013 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега