Викторија и Александар 123 дена биле врзани со ланец- заедно морале да прават сѐ, а еве што се случило кога ги тргнале
Млад украински пар, Александар Кудлеј и Викторија Пустовитова, се „обединија“ заедно на Денот на вљубените во обид да ја спасат својата врска. Но, тие неодамна раскинаа.
Продавач на автомобили (33) и козметичар (29) шокираа многумина кога ги врзаа рацете со ланец, заварени пред нотар. Првичниот план требаше да бидат врзани еднен со други три месеци, што значеше заедничко туширање, одење во тоалет и планирање други активности.
Иако издржаа импресивни 123 дена рамо до рамо, недостатокот на приватност ги „дотолчи“, па тие раскинаа веднаш штом го тргнаа ланецот од рацете.
"Имаме различни ставови за бројни прашања. Од една страна, не ни пречи, но од друга страна, ние не сме на иста бранова должина, ние сме сосема различни", рече Александар.
"Бевме заедно цел ден. Не добивав внимание од него затоа што бевме цело време заедно. Тој не ми кажуваше дека му недостигам", рече Пустовитова.
Младиот пар пристигна во градот Кархов на 17 јуни, каде што го отстрани ланецот. Иако епилогот не беше толку среќен и романтичен како што сите се надеваа, нивниот единствен случај привлече големо внимание. Александар и Викторија го продаваат ланецот со кој биле врзани на аукција, додека приходот ќе биде дониран во добротворни цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа