Таткото на малата Тијана не сакал да ги подели парите за други болни дечиња!
Сергеј Трифуновиќ кој беше еден од хуманите лица кои донираа пари за операцијата на малата Тијана, која за жал го загуби животот, откри дека нејзиниот татко не сакал да ги префрли парите за други болни деца.
-Го повикав Небојша Огњановиќ и побарав од него дел од парите да префрли за Љубица Адамиќ, а тој ми рече дека не може затоа што сметката му е наменска. Му реков дека треба да им помогне на други деца, но тој одби, рече Сергеј.
Актерот детално раскажа што се случило за време на своето гостување во емисија на телевизијата B92.
-Од него побарав да префрли барем 50.000 евра на сметката на Љубица Адамиќ, но тој рече дека не смее затоа што сметката е наменска и смее да се троши само за лекување. Предложив да дојде на чело на фондот и средствата да се наменат за таа цел, не сакаше, додаде актерот.
Инаку, пред само неколку денови, таткото на Тијана изјави дека парите не стигнале кај него и дека ако тој каже се што знае ќе падне целата Влада!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа