Комарците бегаат од луѓе кои го внесуваат овој витамин: Д-р Несторовиќ откри едноставен трик да се ослободите од овие инсекти

 

Д-р Бранимир Несторовиќ советува како да се заштитите себеси и своите најмили од здодевните инсекти - комарците, и тоа на целосно природен начин.

„Постојат едноставни, природни начини како да се заштитите од комарци, како користење на витамин Б комплекс, особено витаминот Б1 кој има мирис кој ги одбива женските комарци - кои боцкаат“.

„Кога го внесувате овој витамин, комарците бегаат бидејќи мирисот на пот им е непријатен, а сличен ефект предизвикува и лукот“, тврди Несторовиќ за „Link TV“.

Српскиот доктор како особено ефикасен начин на одбивање на инсекти наведува и една стара, добро позната билка - копривата.

„Копривата убива сè што постои. Наберете коприва, ставете ја да отстои во фрижидер 5 дена во вода и со таа вода испрскајте низ домот. Инсектите исчезнуваат за неколку часа“, наведува тој.

Старите билки како копривата, со текот на времето развиле одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габи и од други растенија, па затоа се толку ефикасни.

Ако сепак дојде до убод, чешањето претставува еден од најголемите проблеми, а д-р Несторовиќ како решение предлага уште еден стар рецепт - еозин.

„Еозинот помага, црвена боја која се мачка за да се намали чешањето и да се спречи инфекцијата. Но, ако се направат рани и пликови, тогаш тоа не вреди и на ред доаѓа друг стар лек - цинк оксид односно цинкова маст. Со неа може да се мачкате неколку пати дневно бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство“, објаснува Несторовиќ.

08.07.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега