Кога црниот дроб не функционира правилно страда цел организам: Со овие навики несвесно го уништувате здравјето на најважниот орган

 

Црниот дроб е еден од најголемите и најважните органи, а задолжен е за прочистување на крвта, отстранување на токсините од организмот, претворање на хранливите материи во енергија, но и апсорбирање на витамини и минерали.

Докторите велат дека без здравјето на црниот дроб нема ниту целокупно добро здравје, а луѓето несвесно со некои свои навики го уништуваат овој важен орган и неговата функција.

Еве за што станува збор:

Внесувате премногу алкохол

Сите сме свесни на штетното дејство кое алкохолот може да го има врз нашето тело, особено кога станува збор за црниот дроб. Но, некои луѓе сè уште се изненадени од фактот дека не секогаш е потребно претерано консумирање на алкохол за да се предизвика некаква штета на организмот.

Доколку сте здрава личност која повремено консумира алкохол во мали количини, тоа е прифатливо, меѓутоа доколку во семејната историја имате алкохоличари или пак луѓе со болен црн дроб заради алкохол, тогаш треба да го сведете на минимум консумирањето алкохол или целосно да го исфрлите.

Не пиете доволно вода

Сигурно веќе сте слушнале дека неопходно е да пиете најмалку осум чаши вода дневно. Доколку тоа ви изгледа многу, сетете се дека вашето тело се состои од околу 65 отсто вода - што значи дека на организмот оваа течност му е потребна за да функционира нормално.

Имате вишок килограми

Една од последиците на долгогодишна борба со гојазноста за која недоволно се зборува е собирање на масти околу црниот дроб, што на крајот може да доведе до состојба наречена неалкохолна болест на мастен црн дроб (NAFLD).

Поимот „неалкохолна“ се користи поради тоа што кај оваа болест оштетувањето на црниот дроб е многу слично како тоа кое го предизвикува алкохолот.

Обилно вечерате

Поголемиот дел од важните функции вашиот црн дроб ги прави во текот на вечерта, така што уживањето во тешки намирници само дополнително ќе ја оптовари функцијата на овој орган.

 

 

Под стрес сте

Стресот е главна причина за многу болести, па така и лошата состојба на црниот дроб. Истражување покажало дека можна е поврзаност меѓу високо ниво на психички стрес и смртни случаи кои се последица на разни болести на црниот дроб. 

08.07.2021 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега