Иванов со честитка до Путин: Убеден сум дека соработката ќе продолжи

Денеска македонскиот претседател испрати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и до рускиот претседател Владимир Путин.

- Убеден сум дека соработката и во иднина ќе продолжи да се развива во духот на воспоставеното пријателство и меѓусебно разбирање. Длабоко сум уверен дека во претстојниот период нè очекува уште поуспешна и поплодна соработка во сите сфери од заемен интерес, посебно во економскиот и енергетскиот сектор, културата и туризмот. Уверен сум дека со личен ангажман ќе дадеме придонес во таа насока, се вели во честитката од Иванов.

најчитано сега