"Ќе се соочите со ужасни напади" - закани до косовската полиција за апсењето на терористите кои планирале масакр како оној кај Смилковци
„Џихад на Косово“ денеска и се закани на косовската полиција дека ќе се соочи со „ужасни напади“ доколку веднаш не ги ослободи шестте лица кои беа уапсени под сомнение дека се дел од терористичката Ал Каеда и дека подготвуваат терористички напад како оној кај Смилковското езеро.
- Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади. Без сомнение ние имаме мажи, кои повеќе ја сакаат смртта, отколку вие животот на овој свет. Тоа е војската на Господ, која ќе победи, се наведува во пораката, која е испратена од имејл адресата [email protected], јавуваат косовските медиуми.
Инаку, оваа група од шест Албанци, од кои еден бил вратен од Сирија, е составена од млади од Приштина и Гњилане, пренесува весникот "Зери".
Оваа група подготвувала терористички напад како оној кој беше извршен на Смилковското Езеро. Со прислушување се дознало за планот, а следела и полициска акција и апсење. Се работи за В. Шаља. Г. Селими, М.Хусени, Н.Сулејмани, А.Мехмети и Б. Муљољи, а еден од нив сеуште е во бегство.
“Коха диторе” пишува дека Г.(Генц) Селими е повратник од Сирија. Неговиот војнички прекар е "Ебу Хафс Ал АЛбани" и тврдел дека го следи патот на Ал Каеда на Балканот и најавува нејзино скоро доаѓање.
При претресот полицијата пронашла оружје и големо количество експлозиви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа