Тропските температури лошо влијаат на здравјето - една група луѓе е најзагрозена
Високите температури овие денови неповолни влијаат на здравјето, а невнимателните ги „демне“ и сончаница. Ова пореметување на терморегулацијата, главно настанува со директно прекумерно изложување на сонце, особено на тилот.
Сончаницата започнува со тешка главоболка и зголемување на телесната температура, која се зголемува во главата. Доаѓа до проширување на крвните садови во мозокот, кожата на телото е сува, со постојано зголемување на телесната температура. Може да се јави и поспаност и вртоглавица, поради зголеменото потење, изненадна „темнина“ пред очите, зуење или краткотрајно губење на слухот. Кај постарите и губење на свеста.
Оние кои доживуваат сончаница треба веднаш да се тргнат на сенка или во некоја затемнета, климатизирана просторија и да легнат. Потоа треба да се разладат со ладни облоги, да пијат течности, најдобро вода и кујнска сол. Во случај на тешка состојба, како конфузија или губење на свеста задолжително треба да се повика Итна помош.
Во бранот високи температури кои владеат последниве денови можно е да се доживее и краткотрајно губење на свеста. Станува збор за неадекватен одговор на кардиоваскуларниот систем на зголемената температура. Најчесто кај старите лица кои користат лекови за мокрење. Јавуваат слабост, вртоглавица, мачнини, повраќање и замаглување на видот кој може да премине во колапс. На оваа појава укажува и пепеластобледа, студена и леплива кожа. Пациентите треба да се пренесат на студено место, во постела и да се повика лекар.
За да се заштитите пред се треба да избегнувате престојување на сонце од 10 до 17 часот, секогаш да носите вода со себе, вратот и зглобовите да ги ладите со вода или влажен пешкир, да го заштитите тилот од директно изложување на сонце, да избегнувате напорна физичка работа, исхраната да ја поделите во повеќе помали оброци и да избегнувате алкохол и напитоци со многу шеќер и кофеин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа