Оливија Вилијамс: Харви Вајнстин се обиде да ме наговори на орален секс во заменa за „Оскар“

 

Оливија Вилијамс тврди дека поранешниот филмски магнат Харви Вајнстин се обидел да ја присили на орален секс за да ѝ обезбеди „Оскар“.

Актерката од „Шесто сетило“ (Sixth Sense) инсистира на таа дека никогаш не била нападната од некогаш моќниот холивудски продуцент, што смета дека се должи на фактот што таа „е градена како веслач“, но како и да е, тој ја искористи својата моќ да направи несакан пристап кон неа.

„Харви се обиде да ме маговори на ‘блоуџоб’ за Оскар. Но, тој не ме нападна. Можеби тоа беше затоа што со моите потпетици бев висока колку него и бев градена, како што рече едно момче, како веслач. Можеби бринетите со широки раменици и со законски родители не се по негов вкус“, рече таа во интервју за You Magazine.

Оливија набрзо открила дека тој им го предложил истото и на други актерки. „Брзо беше јасно дека тој се обидел со истиот предлог за blowjob со секоја актерка на која ѝ кажав што бара од мене“.

52-годишната sвезда тогаш не била свесна дека Вајнстин извршил сексуални напади врз други жени сè додека тоа не беше објавено во весникот „Њујорк тајмс“ во 2017 година.

Макфакс

14.07.2021 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега