Меси останува во Барселона: 50 проценти помала плата, клаузула 350 милиони евра
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и во иднина ќе го носи дресот на Барселона.
Лионел Меси веќе две недели е слободен играч, но немало никакви дилеми дали ќе потпише нов договор со екипата на Барселона.
Како што пишува шпанска "Marca", Меси со Барселона ќе потпише петгодишен договор, ќе има 50 проценти помала плата која официјално ќе изнесува 48.000.000 евра.
Официјална потврда на оваа вест се очекува до крајот на оваа недела и би било вистинско чудо ако договорот пропадне.
Шпанските медиуми уверуваат дека договорот е постигнат и дека вклучува и излезна клаузула од 350.000.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа