Првата ветерница пристигна во паркот на ЕЛЕМ во Богданци
Денеска и официјално стартува транспортот и монтажата на првата ветерна турбина од ветерниот парк Богданци, инвестиција вредна над 55 милиони евра.
Конвојот со 10 камиони натоварени со над 330 тони утрово тргна од солунското пристаниште кон локацијата на новата централа. Во специфичниот транспорт само возилото кое ја пренесува гондолата каде е сместен генераторот тежи 85 тони.
Според предвидената динамика неделно на локацијата ранавец ќе бидат качувани по две турбини до комплетирање на сите 16 колку што се предвидени со проектот.
Генералниот директорот на електрани македонија, Бошковски за Сител вели дека од овој нов капацитет ќе се обезбедува електрична енергија за 60 илјади граѓани.
Ветерниот парк Богданци ќе го зголеми учеството на производството на струја од обновливи извори. Инсталираната моќност ќе изнесува 36,8 мегавати или годишно производството ќе изнесува 100 гигават часови енергија.
Засега комплетно се завршени контролната зграда и основите каде ќе се поставуваат турбините. По нивната монтажа се очекува најдоцна до март електраната да биде пуштена во употреба и приклучена на електропртеносната мрежа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа