Вељановски на средба со ирскиот претседател

Денеска македонскиот претседател на Собранието Трајко Вељановски се сретна со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс, министерот за европски прашања Лусинда Креитон, и со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство.

На средбата со претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс, беа истакнати одличните пријателски односи меѓу Република Македонија и Ирска без отворени прашања кои се карактеризираат со поголема динамика од претходно. Стана збор за актуелните евроинтегративни процеси низ кои минува Република Македонија, како и за спорот со нашиот јужен сосед кој се води под покровителство на Обединети нации. Вељаноски и се заблагодари на Ирска која во билатералната комуникација ни се обраќа со уставното име.

Претседателот на Собранието Вељаноски на средбата со министерот за европски прашања Лусинда Креитон, искажа задоволство од досегашната поддршка која ја добива Македонија од Ирска, особено затоа што и двете мали европски земји имаат заеднички точки низ историскиот пат кој го поминале.

Претседателот на Собранието Вељаноски на средбата со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство, изрази задоволство од соработката меѓу Македонија и Ирска во контекст на приближувањето на нашата земја кон ЕУ. Тој искажа задоволство за принципиелниот позитивен став во однос на проширувањето на ЕУ, како и за целосната поддршка на Република Македонија да го заокружи процесот токму во Даблин, каде што за време на претходното претседавање со ЕУ во првата половина на 2004 година, беше предадена нашата апликација за членство во Европската унија.

Вчера, Вељаноски имаше средба со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет.  

 

најчитано сега