Филе: Од Македонија зависи дали ќе добие датум за преговори

Денеска еврокомесарот Штефан Филе изјави дека само од Македонија зависи дали ќе добие датум за преговори, во интервју за Радио Слободна Европа.

- Многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на ОН во процесот кој го води Светската организација, ќе донесе некакви резултати во овој краток период, истакнува Филе.

Исто така денеска Филе во интервјуто за Радио Слободна Европа изрази загриженост во врска со договорот од 1 март.

- Клучен елемент, додава, е Комисијата која треба да го истражи настанот. И кога тоа сè уште го нема, се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја, вели еврокомесарот Филе.

најчитано сега