Прашањето е едноставно, а одговорот комплициран: Зошто луѓето лажат?
Сите лажеме, иако знаеме дека не треба. Според едно истражување во просек луѓето лажат 11 пати неделно. Потребата за прифаќање, самоодржување, избегнување на проблемите – причините се многу, но според една студија објавена во списанието „Psychological Science“, најголемиот фактор за лажењето е времето.
Истражувачите на Универзитетот во Амстердам ги објавиле резултатите од експериментите што ги направиле со учесници кои фрлаат коцки за пари. Истражувачите не го знаеле бројот на коцките, но колку бил тој поголем, толку била поголема и сумата што треба да им се исплати. Едната група од учесниците имала само 20 секунди да го каже бројот што им се паднал, додека другата имала неопределено време.
Иако научниците не го знаеле бројот што им се паднал на учесниците, тие биле во можност да го претпостават одговорот, односно дали учесниците лажеле или не.
Оние кои биле под временски притисок обично лажеле дека добиле поголем број. Лажеле и тие што имале на располагање повеќе време, но не во толкава мера.
„Луѓето обично знаат дека не е добро да лажат, но сепак им треба време да се одлучат да постапат правилно“, вели Саул Салва, еден од истражувачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа