ВИДЕО: Малку се занесе па падна на сцена- Северина се посрамоти на концерт пред 20 илјади луѓе

 

Хрватската пејачка Северина во саботата одржала концерт во Врњачка Бања, на кој временската прогноза како и во поголемиот дел од регионот не му беше наклонета.

И покрај дождот, верната публика била присутна, па Северина била понесена од целата глетка и атмосфера, така што ниту војничките чизми не ја спречиле весело да скока на сцената.

Во својот занес, пејачката малку го потценила растојанието од звучникот на мониторот кој се наоѓал зад неа, се заглавила и паднала врз него.

Гитаристот кој бил во близина сакал да ја крене пејачката, но задоцнил, па во првите редови на публиката избувнало громогласно смеење.

„Вредеше… Заради вас 20.000 под чадорите. Благодарам, Врњачка Бања…“, напишала таа со споделеното видео, а бидејќи за среќа сѐ завршило добро, Северина се пошегувала на своја сметка.

– Еве концертот заврши. Беше фантастично. Малку го повредив ‘рбетот, но вредеше, како што би рекле луѓето, вредеше – рекла Сверина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

19.07.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега