Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил - на денешниот празник не треба да се прави ова
Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин.
Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија.
На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј.
Чесно пострада за Христа од раката на римскиот џелатво Кесарија Палестинска во 303 година.
На денешен ден треба да се избегнуваат кавги и пцовки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа