Грција: 350.000 семејства се без електрична енергија поради непалтени сметки

 

Во Грција 350 илјади семејства се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија, пишува весникот „Имперсија“.

Бројот на семејства со неплатени сметки е зголемен за 10-15 проценти во однос на првите години на кризата, кога на годишна основа тие изнесуваа околу 300 илјади.

Освен исклучување на електричната енергија поради неплатени сметки, електроенергетската компанија утврдила дела голем број корисници се откажале од нејзините услуги поради затворање на претпријатијата.

13.11.2013 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега