Говорењето со вашите миленици ја покажува вашата интелигенција

 

Ако разговарате со вашиот миленик, поточно ако сте еден од оние сопственици кои често разменуваат неколку зборови во текот на денот со своето милениче, тогаш ќе ве израдува оваа информација.

Имено, многу веројатно сте се запрашале дали тоа е нормално, но отсега повеќе не мора да се грижите бидејќи експертите велат дека вие сте – интелигентни!

Николас Епли, професор на Универзитетот во Чикаго и експерт за однесување, тврди дека разговорот со милениците е последица на „антропоморфизирањето“ односно потребата на човекот да се однесува кон животните како кон човечки суштества, умни колку што е и самиот тој.

„Историски гледано, антропоморфизацијата се третирала како детинесто однесување, но таа е всушност природен продукт на фактот дека човекот е најинтелигентното суштество на планетата. Ниту еден друг вид ја нема оваа тенденција. Освен тоа, мачките и кучињата се неверојатни суштества, а ние сакаме да бидеме нивни пријатели и им приоѓаме како да имаат развиени умови колку нашите“, заклучува Епли.

Професорот вели дека препознавањето на умот на останатите живи суштества, особено на милениците, не е никаква глупост или незрелост туку одраз на најголемите способности на нашиот мозок.

05.08.2021 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега