Академик и неврохирург по 3.000 направени операции открива: „Ова е смрт за мозокот!“
Кога станува збор за хирургијата, неврохирургијата го зазема второто место според комплицираност, веднаш по кардиохирургијата.
До операција на мозок најчесто се доаѓа по повреда или пак тумор, а повеќе детали открива академикот и признат неврохирург Арнолд Федорович Смејанович.
Професор доктор Смејанович е член на белоруската Академија на науките и истакнат научник во полето на неврохирургијата.
Тој е почесен научник на Република Белорусија. Работел како истражувач, супервизор и водач на неврохируршкото одделение во болница во Минск, бил директор на Истражувачкиот институт за неврологија, неврохирургија и физиотерапија, министер за здравство на Белорусија, а од 2006 година се наоѓа на чело на невролошкото одделение на клиниката за неврологија и неврохирургија во болницата во Минск.
Автор е на повеќе од 400 научни трудови и пронаоѓач на 2 патенти. Во текот на долгата кариера тој направил над 3.000 операции на мозок.
„Мозокот е орган како и сите останати. Правиме мноштво интервенции и поголем дел од нив се целосно успешни“, открил докторот кој вели дека мозокот е помоќен од било која друга супермашина и дека и натаму е неверојатна мистерија.
Овие работи ги заклучил д-р Смејанович за мозокот благодарение на операциите:
- На многу од прашањата не постои одговор. На пример, сфативме дека голем дел од мозочните функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ниту масата ниту волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на гениј и мозокот на личност со низок коефициент на интелигенција изгледаат целосно исто?
- Количината на сивата маса и ширината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основач на микробиологијата и имунологијата имал само една хемисфера на мозокот, а живеел и работел како и сите други луѓе, а притоа постигнал многу.
- Туморот навистина не мора ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозокот кај млада студентка по музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека само една хемисфера е речиси целосно уништена. Девојката закрепна, заврши академија, се венчаше со милионер и денес преубаво свири.
- Најневеројатното откритие за мене беше дека свеста нема никакво место во телото и дека врската меѓу мозокот и мислите е тотална мистерија. Оваа тајна само Бог ја знае.
- На мозокот му е неопходно знаење, читање, размислување за убавина, патување во потсвеста и разбирање како тој добро работи.
За крај, д-р Смејанович дал најважен совет:
„Не дозволувајте мозокот да ви биде мрзелив, инаку тој брзо ќе ја намали функцијата. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни - тоа е смрт за мозокот!“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа