Селенот е клучен за доброто здравје: Во овие намирници го има во изобилство

 

Доколку на телото му обезбедите доволна количина на селен секој ден, ќе го намалите ризикот од многу заболувања.

Селенот е многу моќен антиоксиданс и многу е важен за здравјето на целиот организам, но за него малку се зборува.

Тој ги штити клетките од оксидација, спречува прерано стареење на кожата, мускулите и мозокот.

Исто така учествува и во превенција на кардиоваскуларните болести и го стимулира имунитетот.

Нè чува од штетно делување на слободните радикали и стресот, има антивирусно дејство, ја поттикнува циркулацијата и придонесува во работата на метаболизмот.

Зошто ни недостасува во организмот?

Најчесто до недостаток на селен доаѓа поради исхраната сиромашна со протеини, како и поради реткото внесување на риба и житарици. Годините и здравствената состојба исто така влијаат на количината на селен која се разнесува по организмот.

Потребите за селенот кај старите луѓе растат, поради сите болести кои во тој период од животот се појавуваат.

Овој минерал организмот не го произведува сам поради тоа неопходно е да се обезбеди преку храната.

Во овие намирници го има најмногу:

- бразилски ореви

- сончоглед

- банана

- грозје

- чија семе

- овес

- интегрален ориз

- лук

- кокос

09.08.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега