СЈ Компани: Во целост ќе бидат исполнети обврските кон вработените во Мекдоналдс

СЈ Компанијата денеска соопшти дека ги исполнува правата од работниот однос на вработените во скопските ресторани на Мекдоналдс и дека че бидат исполнети сите преземени обврски кон вработените и покрај тоа што рестораните не работат шест месеци.

- Иако првично беа планирани  три месеци, од 13 мај 2013 година компанијата на вработените им ги обезбедува, во   последните два месеца со извесно задоцнување, правата од работниот однос, и покрај тоа што рестораните не остваруваат приход веќе шест месеци. Во врска со состојбата и можностите, вработените се навремено известени, стои во соопштението на СЈ компани.

Компанијата соопштува дека побарала од надлежните судски органи да донесат времена мерка за отворање на рестораните до завршувањето на правните процедури помеѓу двете компании.

- Овој чекор е преземен, пред се за да се задоволи интересот на вработените, но и интересот на потрошувачите и на заедницата. Сепак, досега немаме никакво известување за ова наше барање, со што се блокира можноста за повторно отворање на рестораните и враќање на вработените на своите работни места, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека компанијата СЈ е во преговори со други субјекти, обидувајќи се и на таков начин на вработените да им отвори можности за понатамошен работен ангажман во други компании со слична дејност.

13.11.2013 - 13:59
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега