Популарната пејачка почина по породувањето - нејзиниот сопруг го снимаше моментот кога им ја соопшти веста на четирите деца

 

Популарната малезиска пејачка Сити Сара Рајсудин почина од последиците од ковид -19 само неколку дена откако роди момче – нејзиното четврто дете.

Сити беше ставена во индуцирана кома во осмиот месец од бременоста поради ниските нивоа на кислород, за да може да се роди нејзиното бебе.

Бебето е спасено, но пејачката не доби шанса да го запознае.

Нејзиниот сопруг во изјава за медиумите рече дека последен пат разговарал со сопругата преку видео повик и дека солзи ѝ течеле по лицето.

– Таа сфати што се обидуваме да ѝ кажеме – рече тој и додаде дека не знае како ќе им ја пренесе оваа вест на своите деца.

Тамошните медиуми претходно пишуваа дека целото семејство било позитивно за ковид-19, и дека биле заразени од лице кое им помагало во домашните работи.

10.08.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега