Кора од лубеница го враќа сјајот на кожата и ја хидрира

 

Кората од лубеница може да направи чуда на вашата кожа. Освен што третманот со замрзнати коцки од кората ќе ја направи вашата кожа мека и сјајна, ќе помогне и при проблеми со акни.

Наместо да ја фрлите кората од лубеница, можете да ја користите за смути, десерт, па дури и да ја киселите. И додека ова овошје е одлично по својот вкус и својства за нега на кожата, неговата кора исто така е полна со придобивки.

Значи, следниот пат кога ќе сакате да фрлите кора од лубеница, запомнете дека можете да ја користите така што ќе ја исечете на коцки, ќе ги замрзнете и ќе ѝ пружите освежувачки третман на вашата кожа.

За почеток, ќе треба да ја исечете лубеницата и да го отстраните делот за јадење (т.е. да го јадете). Потоа исечете ја кората на парчиња, ставете ја во блендер и направете паста од неа. Потоа истурете ја смесата во здела со мраз и чувајте ја во замрзнувач неколку часа. Извадете една коцка и нежно тријте ја во пределот на лицето и вратот. Повторете го ова секој ден.

Оваа постапка е навистина многу едноставна, и веројатно се прашувате зошто мора да има коцки мраз. Имено, коцките мраз, генерално, се одлични за кожата. Тие го одржуваат вашето лице свежо и подмладено, а исто така можат да помогнат при акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Исто така коцките мраз се одлични за одржување на младешко лице. Тие можат да помогнат при предвремено стареење и појава на брчки.

Една коцка мраз пире од лубеница дневно треба да биде доволна за да ѝ даде природен сјај на кожа.та Кората од лубеница ја прави кожата мека и сјајна и совршено ја навлажнува. Исто така, делува како природен тоник.

Покрај тоа, ако имате мрсна кожа и сте повеќе склони кон појава на акни, кората од лубеница во форма на коцка мраз може да го елиминира вишокот маснотии од површината на кожата и да ги исчисти порите. На тој начин вашето лице може да стане чисто редовно користејќи ја оваа рутина, пишува The Indian Express.

МАКФАКС

12.08.2021 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега