Ждрепка за ЛШ: Барселона против Баерн, Сити против ПСЖ, но ниту еден од нив не е во групата на смртта
Бобан Николов ќе игра против Интер и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Денеска во Истанбул беа извелечени групите од најелитното клубско натпреварување.
Доста интересни групи со по неколку силни тимови беа извелечени на ждребот. Манчестер Сити и ПСЖ ќе играат со Лајпциг и Клуб Бриж. Но најатрактивна група ќе биде групата Б, каде ќе се сретнат Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто и Милан. И Барселона ќе игра против гигант. Во ждребот им се паднаа Баерн Минхен, Бенфика и Динамо Киев.
Актуелниот шампион Челзи пак извлече релативно лесна група и ќе игра против Јувентус, Зенит и Малме.
Група А
1. Манчестер Сити
2. ПСЖ
3. Лајпциг
4. Клуб Брж
Група Б
1. Атлетико Мадрид
2. Ливерпул
3. Порто
4. Милан
Група Ц
1. Спортинг Лисабон
2. Борусија Дортмунд
3. Ајакс
4. Бешикташ
Група Д
1. Интер
2. Реал Мадрид
3. Шахтар
4. Шериф
Група Е
1. Баерн Минхен
2. Барселона
3. Бенфика
4. Динамо Киев
Група Ф
1. Виљареал
2. Манчестер јунајтед
3. Аталанта
4. Јанг Бојс
Група Г
1. Лил
2. Севиља
3. Салцбург
4. Волфсбург
Група Х
1. Челси
2. Јувентус
3. Зенит
4. Малме
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа