Новак Ѓоковиќ направи вистинско шоу пред стартот на УС Опен- свиреше саксафон и мешаше (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ во добро расположение го чека стартот на УС Опен каде првиот меч ќе го игра вечерва.
Прв противник во походот на 21 грен слем трофеј на Ѓоковиќ ќе му биде Данецот Холгер Руне.
Изгледа дека притисокот од податокот дека се наоѓа пред историски успех, односно доколку триумфура на УС опен ќе собори два рекорди, не му претставува проблем.
Доколку слави во Њујорк, Ѓоковиќ ќе дојде до бројката од 21 грен слем титула, а ќе го освои и календарскиот слем, односно ќе победи на сите четири грен слем турнири во една година, прв пат по Род Лејвер.
Најдобриот светски тенисер слободно време во Њујорк го користи за да се забавува и настапот на УС Опен го најави со саксофон.
Nole svira saksofon pic.twitter.com/9vDjQ4998Q
— Mariel (@malasirena111) August 31, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа