Ново од Бимилк - Бибенд сокови за деца

Бимилк ги претстави новите сокови за деца БиБенд во пакување од 200мл. Посебно дизајнирани како пријатели на децата, овие сокови засега се достапни во три вкуса, портокал, праска и АЦЕ, секој од нив претставен со различен карактер, Фани, Биби или Аце кои заедно сочинуваат еден музички бенд. Ова е уште еден начин да се доближат Bifruit соковите до децата и да се развие нивната навика за редовно конзумирање на здрави и вкусни овошни сокови.

Првично BiBand соковите се достапни со вкус на портокал, на праска и сок кој ги содржи трите витамини A, Ц и Е, но палетата на производи во иднина ќе се проширува со цел да се понуди поголем избор за децата 

„Овошните сокови не само што не освежуваат, туку тие се добар извор на витамини неопходни за здрав и активен живот. Новиот бренд BiBand на Бимилк има за цел да ги доближи овошните сокови до децата, да им ги претстави како нивни пријатели и со тоа да допринесе за стекнување на добри навики неопходни за здраво и безгрижно детство.“ - изјави Игор Ивановски, координатор за категорија сокови во Бимилк.

 

Компанијата која повеќе од 15 години произведува овошни сокови, за прв пат го воведува овој производ согласно своите настојувања да ги следи и остварува желбите и потребите на купувачите, а особено на децата преку создавање на производи кои во целост одговараат на нивните потреби. Најпрво тоа беше витаминското млеко, а сега Битолска Млекара го проширува своето портфолио со новите сокови за деца, БиБенд. 

14.11.2013 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега