Гостивар: Одењето на гости ги чинеше 400.000 денари

 

Засега непознати крадци опустошиле куќа во гостиварско Градец, збогатувајќи се со накит вреден околу 7.000 евра.

Според информациите од тетовската полиција, кражбата се случила вчера вечерта во домот на 58 годишниот Е.И., додека куќата била сосема празна. Арамиите, преку балкон на приземјето се качиле на горниот кат и влегле во спалната соба. Таму успеале да најдат повеќе парчиња златен накит, (синџири, алки, обетки, прстени), за кои сопственикот тврди дека вредат преку 400 илјади денари.

Ова е трета кражба во гостиварско во последниве 7 дена. Претходно беа ограбени куќи во селата Добри Дол и Топлица.

Полицијата трага по крадците.

 

14.11.2013 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега