Вучиќ: Србија нема да се присоедини кон НАТО - ќе останеме воено неутрална земја

Србија нема да се присоедини кон НАТО, но исто така нема да се приклучи и кон Организацијата на договорот за колективна безбедност, која е под капата на Москва и ќе биде неутрална земја, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.

Тој за време на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, го информирал дека стратешката ориентација на Белград нема да се промени.

Шојгу го посочил примерот со Грција, каде поголемиот дел од населението е против НАТО, но земјата сепак е членка на Алијансата. На тоа првиот вицепремиер истакнал: „Бидете уверени дека политичкото раководство на Србија ќе се придржува кон својот Устав и декларацијата на Парламентот за воен неутралитет. Тој мој став не зависи од тоа дали го изразувам во Брисел, Москва или Вашингтон“. 

14.11.2013 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега