180.000 денари од СМС пораките од Скопскиот фестивал одат за Ацо Конга

180.500,00 денари од СМС пораките од Скопскиот фестивал одат за донација за Ацо Богдановски – Конга, информираат денеска од Македонската радио телевизија.

– По завршувањето на Скопскиот фестивал би сакале да ја информираме јавноста за резултатите од гласањето и собраните средства – донација за нашиот музичар Ацо Богдановски – Конга. Сите пораки, независно дали се пред, по терминот или повторени ќе бидат наменети за донација. Би сакале да ги повикаме сите останати кои сакаат да донираат средства за лекување на Ацо Богдановски – Конга да го сторат тоа до крајот на месец ноември на телефонскиот број 14741 достапен од сите мобилни оператори во земјава со истата цена на чинење на СМС пораката 35,00 + ДДВ. Уште еднаш благодарност до T-MOBILE, ONE и VIP коишто за оваа намена се откажуваат од својот дел од профитот, стои во соопштението од МРТ.

 

Според досегашната евиденција на вкупниот приход, МРТ треба да префрли средства од околу 180.500,00 денари, на сметка на Ацо Конга, како и сите оние средства дополнителни кои ќе стигнат до крајот на месецот

 

-Сакаме да изразиме благодарност до сите автори, музичари, изведувачи и секако нашите колеги од другите медиуми кои дадоа свој белег во напорите за повторно заживување на македонската музика, се вели во соопштението од МРТ.

 

 

14.11.2013 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега